Соларната Динамична Опсерваторија на НАСА со помош на ултравиолетови филтри направи спектакуларна фотографија и видео снимка од Сонцето од која може да се забележи огромна коронарна дупка на Сонцето што се движи во наш правец.
Станува збор за коронарна дупка што е извор на силен соларен ветер кој до нашата магнетосфера ќе донесе соларни честички. Резултатот од тоа нема да биде катастрофален, туку поспектакуларен од овие снимки бидејќи Сонцето ќе предизвика фасцинантни појави на аурора бореалис.
Со оглед на фактот дека соларните ветрови за неколку дена ќе дојдат до Земјата, сигурно наскоро ќе се појават и првите снимки од поларната светлина од кои дефинитвно никој нема да остане рамнодушен.