ВИДЕО: Уловил ајкула од 600 кг – гордо се сликал со неа


ajkula2

Рекордно голема атлантска ајкула од видот мако, е уловена во Тихиот Океан, на брегот на Калифорнија каде неочекувано се нашла, а еколозите сметаат дека треба да се пушти бидејќи била загрозен вид.

Ајкулата тешка 600 килограми по два часа борба ја уловил Џејсон Џонстон, јавија локалните медиуми.

– Ловев ајкули и кафени мечки, но никогаш не сум имал вакво искуство: имав чувство како камион да се закачил за јадица – вели рибарот.

Меѓународната асоцијација на риболовци ги проверува податоците за да провери дали е надминат американскиот рекорд во фаќање ајкула од 2001 година.

ajkula1Ајкулата сега е во фрижидер и ќе биде подарена на едно океанографско здружение.

– Луѓето на ајкулите треба да гледаат како на битиа важни за океанот – изјави Дејвид Мекгвајер од амриканската организација за заштита на животните и смета дека ајкулата не требало да се лови.

До сега најголемата уловена ајкула била тешка200 килограми. Тоа е бела ајкула уловена 1959 кај Австралија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1