Штип: Го викнале на информативен разговор – скокнал преку прозор за да избега


Штипјанец во обид за бегство од информативен разговор во штипската полиција, скокнал од прозорец и останал жив. Инцидентот се случил синоќа, кога по претходни оперативни сознанија, полицијата го повикала осомничениот за серија тешки кражби, 19- годишниот Т.Д. на информативен разговор во зградата на штипската полициска станица.

policijaстипВо погоден момент, Т.Д. искористувајќи го невниманието на полицајците, скокнал од отворениот прозорец на терасата,а од таму директно на асфалтот од паркингот на метар од куќичката на дежурниот полицаец, објави Канал 5.

За среќа, се здобил со лесни телесни повреди во пределот на нозете и од дежурните полицајци веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница, каде по обработка на повредите е пуштен на домашно лекување.
Против осомничениот, полицијата ќе поднесе две кривични пријави. За дело сторени тешки кражби и обид за бегство.

Инаку, од полицијата велат, дека ова е прв инцидент од ваков вид што се случил во полициската зграда по повеќе децении. Последно нешто вакво се случило во текот на седумдесетите години од минатиот век, кога приведено лице на ваков начин направило обид за бегство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1