Збунета ромка – и дале бело бебе во сини очи, а нема пари за ДНК да провери дали е нејзино (Фото)


Ромското семејство Османовиќ било шокирано кога во породилиштето во Сплит им дале бело бебе со сини очи. ДНК анализа може да докаже дали детето е нивно или не, но ова семејство нема пари за тоа.

bebe-500„Ние не сакаме никого да обвинуваме, но имаме одредени сомнежи и сакаме да ги разјасниме, бидејќи, како што гледате, ние сме Роми и имаме темен тен, а бебето кое ни го дадоа во породилиштето има потполно светла кожа, бело е и со сини очи. Затоа се сомневаме дека може по грешка е сменето бебето“, вели 47 годишниот Авдија Османовиќ од Сплит.

Неговата сопруга, 24 годишната Вера Халиловиќ на 5 мај оваа година со царски рез родила девојче тешко 4.480 грама и долго 56 сантиметри. Го крстиле Франческа.

„Искрено не се сеќавам дали по пораѓањео ми го покажаа бебето, но знам дека веднаш го однесоа на Неонаологија и дури после два дена го видов, кога сеуше беше во инкубатор. Тогаш имаше температура од 39 степени и примаше антибиотици. После тоа ја видов по два дена кога ми рекоа да ја дојам“, вели Вера која со Авдиј веќе ја има тригодишната ќерка Лаура, која по раѓањето имала „нормално темен тен“.

„Кога влегов во просторијата со бебиња тргнав кон едно бебе со потемен тен, мислев дека тоа е моето дете, но сестрата ме сопре и ми го покажа ова бебе. Кога ја видов се зачудив, но не сакав на никој ништо да кажам за тоа“, додава Вера.

romka bebeОд сплитската болница младата мајка излегла на 9 мај, додека бебето поради некои компликации е пуштено шест дена подоцна.

„Кога бебето го изнесувавме од болница докторката ни рече дека е чудно што бебето е големо и што не е со „наша“ боја на кожа, што уште повеќе ни ги зголеми сомнежите. Ние само сакаме да знаеме дали детето е наше или не, знам дека тоа најлесно се одредува со ДНК анализа, но тоа е скапо за нас, немаме пари за тоа“, изјавува сопругот.

Од сплитската гинеколошко-акушерска болница велат дека е невозможно да бидат случајно заменети бебињата, освен ако некој намерно не го сторил тоа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1