Рекордно голема атлантска ајкула од видот мако, е уловена во Тихиот Океан, на брегот на Калифорнија каде неочекувано се нашла, а еколозите сметаат дека треба да се пушти бидејќи била загрозен вид.
Ајкулата тешка 600 килограми по два часа борба ја уловил Џејсон Џонстон, јавија локалните медиуми.
– Ловев ајкули и кафени мечки, но никогаш не сум имал вакво искуство: имав чувство како камион да се закачил за јадица – вели рибарот.
Меѓународната асоцијација на риболовци ги проверува податоците за да провери дали е надминат американскиот рекорд во фаќање ајкула од 2001 година.
Ајкулата сега е во фрижидер и ќе биде подарена на едно океанографско здружение.
– Луѓето на ајкулите треба да гледаат како на битиа важни за океанот – изјави Дејвид Мекгвајер од амриканската организација за заштита на животните и смета дека ајкулата не требало да се лови.
До сега најголемата уловена ајкула била тешка200 килограми. Тоа е бела ајкула уловена 1959 кај Австралија.