Еден од најбогатите бизнисмени на светот, саудискиот принц Алвалид бин Талал го тужи магазинот Форбс поради клевета, бидејќи неговото богатство го процениле на 20 наместо на 30 милијарди долари и со тоа не се нашол на листата на десет најбогати луѓе во светот.
Форбс го рангирал принцот на 26 место на листата најбогати луѓе на планетата, но процената од 30 милијарди долари би го сместила бин Талал меѓу првите 10 најбогати во светот.
Според принцот, магазинот шири неточни и непрецизни информации и поради тоа тој поднел тужби во врховниот суд во Лондон против издавачот на магазинот и двајца новинари.