ВИДЕО: Има 22 деца од 14 жени – На суд е бидејќи не плаќа алиментација


Овој маж од Тенеси се најде пред суд поради не плаќање алиментација за 22 деца кои ги има со 14 различни жени.

orlandoТој во едно телевизиско интервју се обиде да докаже дека и покрај финансиските проблеми тој е добар татко кој поминува време со децата.

Но, во моментот кога зборуваше за своето семејство докажа дека незнае колку деца има и со колку жени. Орландо изјави дека има 18 деца, и 17 сопруги.

„Бев млад и амбициозен и сакам жени. Не можете да го нападнете човекот зошто сака жени“, изјави Орландо.

Иако е чудно, но тој има план како да се извлече од финансиските проблеми и да го реши случајот со алиментација.

„Планирам да играм лото, толку упорно како никогаш досега“, вели „таткото на годината“.

Меѓутоа судијата му сугерирал да смисли подобар план, за кој ќе му бидат потребни најмалку три работни места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1