Саудискиот принц го тужи Форбс: Напишале дека има помалку пари и се навредил


Еден од најбогатите бизнисмени на светот, саудискиот принц Алвалид бин Талал го тужи магазинот Форбс поради клевета, бидејќи неговото богатство го процениле на 20 наместо на 30 милијарди долари и со тоа не се нашол на листата на десет најбогати луѓе во светот.
saudiskiprinc
Форбс го рангирал принцот на 26 место на листата најбогати луѓе на планетата, но процената од 30 милијарди долари би го сместила бин Талал меѓу првите 10 најбогати во светот.
Според принцот, магазинот шири неточни и непрецизни информации и поради тоа тој поднел тужби во врховниот суд во Лондон против издавачот на магазинот и двајца новинари.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1