Синдикатите на француските работници во воздухопловството најавија штрајк од вторник до четврток, а авиокомпаниите во тој период би требало да го намалат бројот на летови на поголемите аеродроми, соопшти денеска француската Управа за цивилно воздухопловство.
Во соопштението авиокомпаниите се повикуваат двојно да го намалат бројот на летови на аеродромите во Париз, Лион, Ница, Марсеј, Тулуз и Бордо.
Синдикатите протестираат поради плановите на ЕУ да го либерализира цивилниот воздушен простор во рамки на иницијативата „Единствено европско небо“, која предвидува укинување на националните граници во управувањето со воздушниот простор.
Целта е да се овозможи безбедно и ефикасно користење на воздушниот простор и системот на управување со воздушниот сообраќај во границите на ЕУ и надвор од неа