Лежи во болницата во кома. Има прострелна рана во окото, 23-годишниот Калеб Сплет не знае дека кога ќе се разбуди го чека сметка од 2.000.000 долари за медицинските трошоци.
Сплет го изгуби десното око, претрпе оштетување на мозокот и е ставен на апарати. Додека тој е на интезивна нега во истата болница неколку ката подоле неговата сопруга се породила и донела на свет машко.
Таткото сега може да се разбуди со трошоци кои засекогаш можат да ја упропастат финансиската иднина на ова младо семејство.
пријателите на жртвата покренале и веб сајт на кој молат за донации за да се плати болничката сметка на Сплет.
,, проблем е што Сплет нема здраствено осигурување и затоа сметката е толкава,, изјавил пријател на семејството.
Некои од болниците кои лекуваат жртви од масакарот на премиерата на Бетмен се изјаснија дека ќе го намалат или целосно ќе го покријат болничкото лекување на овие лица.
Но, за жал за Сплет, во болницата каде што тој се лекува тоа не е случај.
Иако Универзитетската болница во Колорадо, каде што Сплет се третира, е меѓу првите во државата кој дава годишно 740,000 долари за бесплатна здраствена заштита сеуште се нема огласено дали ќе ги покрие трошоците за жртвите од масакарот во Колорадо.
Без десното око и долг период на опоравување пред него, Сплет наскоро ќе се сретне со неговиот новороден син, неговата финансиска судбина лежи исклучиво во рацете на болницата, дали ќе бара плаќање на 2 милионската сметка или не.