Новата интернет страница на општина Тетово е само на албански јазик. Невообичаено е што откако ќе се напише официјалната страна на општината, тетово.гов.мк истата веднаш се преименува во целосното име и презиме на новиот градоначалник на Тетово Теута Арифи, пишува Темла.
На страницата преовладуваат речиси сите активности каде е присутна градоначалничката Арифи а останати информации во врска со функционирањето на секторите и одделенијата на општината ги нема. Тетовци се зачудени од ваквиот потег, со оглед на тоа што новата тетовска власт речиси е блокирана не се одржуваат седници на советот а не се избрани ниту директори на јавни претпријатија, па првите луѓе на општината како им одговара така работат. Од ВМРО ДПМНЕ накусо во телефонски разговор потсетија дека во Тетово живеат и македонци а од колацијата Сојузот за иднината апелираа што поскоро новата локална власт да ја поправи грешката и да не си игра со чуствата на макеоднците во Тетово.
Од општина Тетово не информираа дека новата интернет страницата е во изработка и откако овој проект ќе се реализира ќе биде вметнат и македонскиот јазик. Но вообичаено на сите страници кои се во процес на изработка стои соодветен натпис.
Инаку ова е втор сериозен пропуст на новата тетовска власт, откако на првиот ден од новиот мандат на Теута Арифи, општинарите не го истакнаа државното знаме.
Телма