Доаѓа лето, а со тоа и топли денови (не сме сигурни за топлите денови искрено, ама каледнарски летото ни е пред верата). Треба сите да се подготвиме соодветно за тоа што значи принтајте ги рецептиве и уживајте во „лудите“ сладоледи.
Сладолед од грејпфрут и јагоди
Потребно е: 500 ml свежо цеден сок од грејпфрут, 12 јагоди, 125 ml вотка
Подготовка: Ставете го сокот од грејпфрут и јагодите во блендер. Пасирајте неколку минути, а потоа додадете ја вотката. Смесата прелејте ја во калап за сладолед со стапчиња во средината и оставете ја да отстои точно 6 часа.
Француски сладолед
Потребно е: 330 мл шампањ, 110 ml коњак или џин, 110 ml овошен сируп, 80 ml свеж сок од лимон
Подготовка: Промешајте ги сите состојки во голем, длабок сад а потоа прелијте ја течноста во калапот за сладолед. Наредете стапчиња и оставете да постои во фрижидер повеќе од 8 часа.
Сладолед од боровинка
Потребно е: 4 шолји боровинки, половина чаша овошен сируп, 2 лажици свежо цеден сок од лимон и 50 ml вотка
Подготовка: Исечкајте ги боровинките и пасирајте ги. Во смесата додадете го сирупот и сокот од лимон. Измешајте, а на крајот додадете ја вотката. Смесата во фрижидер треба да стои околу 5 часа.
Потребно е: 50 gr сецкана чоколада, 4 лажици шеќер, 1 лажица скроб, 1 ½ лажица незасладено какао, 1 ¼ шолја полномасно млеко, ½ лажичка екстракт од ванила, ½ лажица путер
Подготовка: Во големо тенџере топете ја чоколадата додека не добиете глатка глазура. Помешајте го шеќерот, какаото во прав и млекото. Варете ја смесата додека не добие густина, околу 10тина минути. Тргнете го тенџерето од шпоретот, додадете го екстрактот од ванила и путерот и мешајте. Додајте ја смесата во калапи и оставете ја да се олади 30тина минути.
По желба додадете ликер од кафе или некој друг вкус.
Стапчиња од лимон и рум
Потребно е: 2 шолји млеко, 1 конзерва кондензирано млеко, ½ шолја сок од лимета, малку сок со пулпа од лимон, 40 ml рум
Подготовка: Промешајте ги сите состојки и направете смеса со посакуваната густина. Оставете ја да се олади најмалку 4 саати.
Denesen