Фото: Преживеал 2 дена на дното од морето – слушав како рибите ми ги јадат другарите


После два дена мрзнење во длабочините и дишење од воздушен меур направен од превртен број под океанот, готвачот на бродот, Харисон Окене, бил сигурен дека ќе умре.

harison1

Всушност, на 26 мај, бродот каде работел потонал во близина на брегот на Нигерија, од 12 луѓе на него, биле пронајдени телата на десетмина.

Останал таму додека двајца нуркачи не го спасиле после два дена, а Окене за чудо преживеал бидејќи открил воздушен меур во бродот.  Последниот член на екипажот не бил пронајден.

„Седев таму во темнината мислејќи дека е крај. Цело време очекував водата да ја исполни собата, но тоа не се случи. Бев многу гладен, но уште повеќе жеден“, изјави тој.

500-Harison-Okene-500x329Делови од неговата кожа почнале да се лупат по деновите поминати во солената вода. На 26 мај, Окене бил во тоалетот кога бродот започнал да се превртува. Како што водата влегувала и бродот се превртувал, тој ја отворил вратата. Откако изглегол, водата го преплавила бродот и тој видел дека тројца луѓе веќе биле мртви во водата.

Додека бил под бродот на дното на морето, слушал како рибите ги јаделе телата на останатите членови. Сам во ноќта, бил исплашен дека ќе го изедат и него. Тој го опишува преживувањето како вистинско чудо, но сеќавањата од неговото време поминато во водата сѐ уште го измачуваат и не сака никогаш да се врати во морето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1