Конечно глас на разум: Судот одлучи – Никој не може да има патент на човечките гени


Врховниот суд на САД едногласно пресуди дека човечките гени отстранети од телото, не може да бидат патентирани, но одлуката не се однесува на синтетички произведената ДНК.

DNKОдлуката може да го поттикне медицинското истражување во САД, но му штети на деловниот аспект на биотехнолошките компании чија цел е профит од класифицирање на гените што ги издвоиле за да третираат различни заболувања, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Одлуката на Врховниот суд се однесува на случајот што ја инволвира американската компанија Маријад Џенетикс која е сопственик на патенти на два гена што индицираат дали жената се наоѓа во групата со зголемен ризик да добие рак на дојка или јајници.  Со тие патенти, Маријад обезбеди единствени комерцијални генетски тестови во САД за двата видови на болести.

Пациенти заболени од рак и групи од областа на здравството се спротиставија на ексклузивното право на Маријад да врши тестирања за рак и пред четири години поднесоа тужби против компанијата.

Со тоа што Врховниот суд одобри патентирање на вештачки креирана ДНК, одлуката не значи комплетен губиток за Маријад.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1