Екс сопругата на Лајонел Ричи, Бренда, потврдила дека контактирала со духот на Мајкл Џексон кој и рекол „случајно се убив“ – и судот го прифатил сведочењето.
New York Post јави дека на судењето вака сведочел Ренди Филипс, директорот на AEG Live, кој тврдел дека Бренда Ричи му потврдила дека контактирала со духот на Мајкл Џексон.
– Бренда ми се јави и ми кажа дека контактирала со духот на Мајкл или преку медиум или директно. И кажал дека неговата смрт не е вина на докторот Мареј, туку случајно се убил!- вели Филипс.
Сите во судницата се смееле на ова сведочење, судијката дозволила да се продолжи со објаснувањето а изјавата влегла во официјалниот записник.