Oсновната причина за рак е откриена веќе со децении (1923) Многу мал број на луѓе во целиот свет знаат за тоа, бидејќи таа вистина е сокриена од страна на фармацевтските и прехрамбените индустрии.
Во 1931 година, германскиот научник Ото Хајнрих Варбург доби нобелова награда за пронаоѓање на главната причина за добивање на рак.
Ото открил дека ракот е резултат на анти- физиолошката сила и на анти- физиолошкиот начин на живот. Затоа што со еден анти-физиолошки начин на исхрана и со физичка неактивност, телото создава кисела средина. Клеточната киселост е причина за исфрлање на кислородот. Недостатокот на кислород во клетките создава кисела средина.
Тој рекол: Намалувањето на кислородот и киселоста се две страни на една иста медаља: доколку некој го има едното го има и другото. Значи, киселата средина е средина без кислород.
Сите нормални клетки имаат апсолутна потреба за кислород, меѓутоа туморалните клетки можат да живеат и без него. Туморските ткива се кисели, додека пак здравите ткива се алкални.
Во своето дело „Метаболизмот на туморот“ Ото покажа, дека сите канцерогени облици се окарактеризирани со два фундаментални услови: крвна киселост и хипоксија.
Открил и дека туморалните станици се анаеробни (не вдишуваат кислород) и не можат да преживеат во присуство на високи концентрации на кислород. Туморалните станици можат да преживат само со гликоза и во средина без кислород.
Според тоа, карциномот не е ништо друго туку одбрамбен механизам, кои што го имаат некои телесни клетки како би преживеале во кисела средина без присуство на кислород.
ВАЖНО: Откако е завршен пробниот процес, храната во зависност од квалитетот на протеините, јаглените хидрати, масти, витамини и минерали, осигурува и создава услови на киселост или алкалност во телото. Со други зборови… се зависи од тоа што се јаде.
Киселата или алкалната состојба се мери со PH скала чии што вредности одат од 0-14, каде 7 е неутрална зона. Од 0-7 е кисело 7-14 алкално. Важно е да се знае како киселата или алкалната храна влијае на здравјето, бидејќи клетките за да функционираат успешно би требало да се наоѓаат во PH нешто над 7.
Во здрава личност PH во крвта е меѓу 7,4 и 7,45.
Доколку PH вредноста кај некого е под 7 таа личност завршува во кома.
Храна која што го закиселува телото: рефиниран шеќер и сите негови деривати, производи со животинско потекло (млеко и сирење), рефинирана сол, рефинирано брашно и сите негови деривати(тестенини, торти, кекси…), леб, маргарин, кофеин (кафе, црн чај, чоколадо), алкохол, цигари, било која варена храна (варењето го уништува кислородот а ја зголемува киселоста на храната), целата индустриски преработена храна, во конзерви, која што содржи конзерванси, вештачки бои, ароми, стабилизатори и други.
Храна која што алкализира. Целиот сиров зеленчук. Сировиот зеленчук произведува кислород, за разлика од варениот.
Овошјето исто така. Овошјето произведува многу кислород.
Водата е важна за производство на кислород. Хроничната напнатост е најважна телесна напнатост и корен на најголем дел од сите дегенеративни болести.
Вежбањето му дава кислород на целото тело. Седечкиот начин на живот го уништува животот.
Идеално е да се има 60% алкална исхрана, отколку кисела, и природно е да се одбегнуваат производи кои што се претежно кисели, како што се газираните индустриски пијалоци, рефинираните шеќери, како и сите засладувачи.
Не ја злоупотребувајте солта, користет ја во најмала можна количина.
За болни лица, идеално е исхраната да биде 80% алкална, и да се одбегнуваат сите штетни производи.
Доколку имате карцином, ве советуваме, да го алкализирате телото што е можно повеќе.
Др. Џорџ В. Крил од Кливиленд, еден од најпризнатите хирурзи на светот отворено изјавува: Сите видови на смрт наречени „природни“ не се ништо друго туку терминална точка на кисело заситено тело.
Ракот не се наследува, она што се наследува се прехрамбените и амбиентални навики т.е. начинот на живот. Тоа може да произведе рак.
Повеќе на – Бриф.мк