Чешкиот премиер поради љубовницата поднесе оставка


Чешкиот премиер, Петр Нечас, соопшти дека поднесува оставка на функцијата шеф на влада и лидер на владејачката Граѓанска демократска партија.
ceska skandalТој на овој чекор се одлучи поради скандалот во кој, поради злоупотреба на Воената разузнавачка служба и корупција на пратениците, уапсена е неговата љубовница и шефица на неговиот кабинет, Јана Наѓова.
„Целосно сум свесен колку е жртвуван мојот приватен живот оптоварува политичката сцена и Граѓанската демократска партија. Свесен сум какви последици ќе има тоа за мене. Свесен сум за мојата политичка одговорност“, рекол Нечас по заседанието на раководството на партијата.
Нечас очекува сегашната владејачка коалиција на трите партии од десницата и центарот да формираат нова влада со нов премиер на чело. Но, тоа во голема мера ќе зависи од претседателот Милош Земан.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1