Питачи од цела Македонија го окупираа Охрид


СВР Охрид согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, викендов презеде плански мерки  за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење.

prosjakВоедно, контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја. Акцијата имаше и превентивен карактер а целта беше елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела.

Активностите на полициските службеници се спроведоа во соработка со Центарот за социјални грижи при што на подрачјето на Охрид и околината беа затекнати 31 полнолетни и 27 малолетни лица од Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци и Велес кои подолго време во централното градско подрачје како и на повеќе други локации во Охрид и Струга вршеле питачење, соопштуваат од полицијата.

Тие се упатени кон нивните места на живеење по што против нив, СВР Охрид и Центарот за социјални грижи ќе поднесат соодветни пријави.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1