Полицијата 6 дена ја бара 19 годишната Морин Кели од Ванкувер, која гола тргнала во „духовна мисија“ во шума во Вашингтон.
Пријателите кои биле со неа во кампот кај националниот парк Гифорд Пинчот, мислеле дека ќе се врати за некој час, но кога не дошла до полноќ повикале полиција.
Заменикот на шерифот Дејвид Кокс изјави за ABC news дека се надева дека девојката сака да биде најдена.
– Рекла дека некое време ќе биде во духовна потрага. Со себе има само компас, нож и кибрит – вели Кокс.
Таа се изгубила минатата недела. Денеска ја барале 75 спасувачи и волонтери но не ја нашле. Семејството на Кели е очајно. Кучињата спасувачи ја следеле нејзината трага но и таа исчезнала, па властите се сомневаат дека повеќе не е во шумата.