Лути и пијани пациенти нападнале лекар и медицинска сестра во Битола


Нападнат лекар и две медицински сестри на ургентното одделние во битолската болница од страна на две пацинетки.

tepacka1-1-Според полицјата во саботата нешто по полноќ на првиот кат од болничката зграда пацинетки кои до болницата дошле со таски возило и најверојатно биле под дејство на алкохол влегле во Одделението за ургентна медицина и побарале лекарска помош.

– При укажување на лекарска помош дежурниот лекар и двете медицински сестри биле физички нападнати. Лекарот повикал и полиција, а полицаецот на двете битолчанки им дал платни налози да платат казна за физички напад, рече Магдалена Димитровска, портпарол на битолската полиција, јави Дневник.

Ова не е првпат лекари од Битола да бидат мета на напад од страна на нервозни пацинети, но за среќа целиот настан поминал без посериозни последици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1