Во Македонија има 40.183 невработени со високо образование


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2013 година активното население во Република Македонија брои 953 780 лица од кои вработени се 668 957, а 284 823 лица се невработени.

nevrabotenostСтапката на активност во овој период е 57.0% стапката на вработеност е 40.0% додека стапката на невработеност е 29.9%.Лани во истиот период стапката на невработеност изнесувала 30,6 проценти. Најголем процент од невработените во Македонија се младите на возраст до 24 години – 53,5 отсто, од 25 до 49 години се 28,3 отсто и од 50 до 64 години се 24,8 проценти.

Вкупно 159.171 од невработените имаат средно образование, 68.534 основно, 40.183 високо образование. Со незавршено основно образование се 10.566 лица, со вишо образование 3.936 и без образование се 2.433 лица.

Бројот на невработени во државава во првиот квартал изнесува 284.823, од кои 61,4 отсто се мажи, а 38,6 отсто се жени.

Целиот извештај може да го погледнете на следниов линк

Fakulteti

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1