Еве каде да ја подигнете електронската здравствена картичка


Здравствените индивидуални осигуреници кои имаат поднесено барање и извршена уплата, ќе можат да си ги земат електронските здравствени картички од своите матични лекари.

elektronska-zdravstvena-kartickaФЗОМ треба да достави списоци со изработените картички до сите избрани лекари. Матичните ќе треба да ги контактираат своите пациенти. Оние кои имаат уплатено, ќе си ја подигнат од избраниот лекар. Оние на кои картичката им е изработена, а не е платена, ќе можат да ја подигнат со уплатница од подрачната служба на Фондот во соодветниот град.

Како индивидуални осигуреници се сметаат пензионери, земјоделци, самостојните вршители на дејност, уметниците… Оние осигуреници кои за електронска здравствена картичка аплицирале како правни лица, преку фирма, ќе ги добијат на тој начин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1