Да може да се пуши во кафулињата со вентилација – ЛП предлага измени на законот за пушење


Сопствениците самостојно да одлучуваат дали во нивните угостителски објекти ќе се пуши или не. Либералната партија на Ивон Величковски со низа предлог измени на законот за пушење во затворени простории. Една од нив е и измена во делот на физичката поделба, односно половина од објектот да биде за пушачи, останатата половина за непушачи.Тој предлага и овозможување на пушењето во затворени простории доколку има вентилациски уреди.

cigaraСопствениците самостојно да одлучуваат дали во нивните угостителски објекти ќе се пуши или не. Либералната партија на Ивон Величковски со низа предлог измени на законот за пушење во затворени простории. Една од нив е и измена во делот на физичката поделба, односно половина од објектот да биде за пушачи, останатата половина за непушачи.Тој предлага и овозможување на пушењето во затворени простории доколку има вентилациски уреди.

– За жал немаме намалување на бројот на лица со заболувања како последици од пушењето, второ очигледно е дека забраната влијаеше врз угостителските објекти, врз прометот, а знаеме дека угостителството е значаен дел од нашата економија. Оптимално решени во кое просторот ќе се дели 50-50, или доколку неможе тоа да се реализира, тогаш поголемиот дел од објектот да биде за непушачи, но да има можност пушачите да користат угостителски услуги во самите угостителски објекти, изјави Величковски.

Според Величковски сите политички субјекти во идниот период треба да се потрудат ова прашање да се уреди како што е потребно. Тој смета дека измените ќе поттикнат позитивни реакции кај граѓаните.

Sitel

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1