Паника во Турција: Започна одмаздата на Ердоган!


Турскиот премиер Реџеп Таип Едоган денес ја прослави “победата” над протестантите кои што го доведуваа во прашање неговиот авторитет цели две недели. Токму затоа тој започна со апсење на лицата поврзани со организацијата на протестите.

erdoganЕден ден по неуспешната мобилизација на двата големи синдикати кои што дојдоа да ги подржат протестите, шефот на турската влада го искористи својот неделен говор пред претставниците на својата Партија за правда и развој да “сврти нов лист” по досега невидените протести кои што ја потресоа земјата.

“Нашата демократија повторно беше поставена пред тест и од истиот излезе како победник”, изјавил Ердоган, а оваа негова изјава била проследена и со громогласен аплауз. “Народот и владата ја спречија таа измама која што ја смислија предавниците и нивните соучесници во странство”.

“И се заблагодарувам на полицијата за трпението и здравиот разум”, изјавил тој, оправдувајќи го нејзиното масовно користење на солзавец. “Нашата полиција го усвои демократското однесување против насилството и успешно го положи тестот на демократија”, инсистирал Едоган.

Во Истанбул биле уапсени 90 членови на Социјалистичката партија, а во Анкара вкупно 30 лица биле донесени во притвор. Сепак, министерот за внатрешни работи Моамер Гуелер признал 62 апсења во Истанбул и 23 во Анкара, но истите биле во рамките на одамна подготвената операција против “терористичката организација МЛКП”, која исто така учествувала во протестите во паркот Гези.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1