Државно си е државно: 32 специјалисти од приватно се вратија во државни клиники


Триесет и две апликации од специјалисти ангажирани во приватното здравство се пријалиле на огласот на Министерството за здравство за преземање на здравствени работници во јавното здравство.

lekariКако што соопшти Министерството, станува збор за специјалисти од офталмологија, гинекологија, радиологија, педијатрија, оториноларингологија, хирургија.

Како што се наведува во соопштението, Министерството е задоволно од досегашниот покажан интерес на специјалистите и ги охрабрува сите заинтересирани доктори – специјалисти вработени во приватните здравствени установи кои сакаат да преминат да работат во јавните здравствени установи својот интерес преку електронска порака на [email protected]

Писмото за интерес треба да ги содржи име и презиме, контакт телефон, е-маил адреса, специјалност, работно искуство како специјалист, како и податок дали досега има работно искуство како специјалист во јавна здравствена установа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1