Македонија нема да добие датум за преговори


Идната недела земјава нема да биде ставена на дневен ред на самитот на Европскиот совет.

Според Ирското претседателство на состанокот збор ќе стане само за доделување датум за преговори на Србија.

Дописникот на МИА од Брисел јавува дека на самитот, нема да има ниту заклучок ниту датум за преговори.

mk i euЗа Македонија ќе кажам дека жалам, но по барање од Комисијата да даде предлог, кај земјите-членки се појавија погледи дека сега не е време оваа земја да се прид­ви­жи напред од претходните позиции.

Не е тајна дека настаните во земјата меѓу де­кем­ври минатата година и пролетва имаа влијание, иако е забележан добар прогрес во нив­ното решавање. Сепак, за отворање на преговорите се потребни и добри би­ла­те­рал­ни односи со соседите, во што нема прогрес за да донесе Европскиот совет по­зи­тив­на одлука,јави МИА.

Во врска со прашањето за додделување за датум за преговори за Македонија претседателството ќе се наврати наесен, а ќе се решава на декемврискиот самит на Ев­роп­ски­от совет.

Ма­ке­до­ни­ја седум години има кандидатски статус и има четири позитивни препораки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1