Македонски државјанин со кујнски нож ја заклал својата 34 годишна сопруга на сред улица во Виена пред очите на нивното 2 годишно дете.
Како што јавуваат локалните австриски медиуми, 53 годишниот маж и пришол на жената од зад грб и со неколку убоди и го одзел животот. Жената починала на лице место, а детето сведочело на целиот настан, но за среќа не е повредено. Крвавата драма се случувала пред очите на повеќе минувачи кои на тоа место во дистриктот Симерлинг ги носеле децата во градинка.
Тие се обиделе и да и помогнат на жената, но не можеле ништо да сторат. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го привела мажот.
Австриските медиуми пишуваат дека жената неодамна се иселила од заедничкиот дом во дистриктот Фаворитен и некое време живеела во прифатен центар за жени, жртви на семејно насилство. Австриската полиција за локалните медиуми потврдила дека во повеќе случаи мажот бил пријавуван за семејно насилство