Македонец ја заклал сопругата пред 2 годишниот син на среде улица во Виена


Македонски државјанин со кујнски нож ја заклал својата 34 годишна сопруга на сред улица во Виена пред очите на нивното 2 годишно дете.

police-lights-generic5Како што јавуваат локалните австриски медиуми, 53 годишниот маж и пришол на жената од зад грб и со неколку убоди и го одзел животот. Жената починала на лице место, а детето сведочело на целиот настан, но за среќа не е повредено.  Крвавата драма се случувала пред очите на повеќе минувачи кои на тоа место во дистриктот Симерлинг ги носеле децата во градинка.

Тие се обиделе и да и помогнат на жената, но не можеле ништо да сторат. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го привела мажот.

Австриските медиуми пишуваат дека жената неодамна се иселила од заедничкиот дом во дистриктот Фаворитен и некое време живеела во прифатен центар за жени, жртви на семејно насилство. Австриската полиција за локалните медиуми потврдила дека во повеќе случаи мажот бил пријавуван за семејно насилство

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1