На граничните премини кон Грција се чека и повеќе од еден час


Поради продолжениот викенд, голем број граѓани од земјава, одлучија денес да отпатуваат во соседна Грција, што доведе до подолги чекања на граничните премини.

graNICA guzvaКако што информираат од АМСМ, на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека околу еден час и 30 минути. На другите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Инаку, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози, информираат од АМСМ од каде  препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1