Задушница-спомен за починатите, почит за нивните души


Ден пред Духовден, петок, започнуваат деновите на задушницa.

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

zadusnicaСе верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден, кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Според календарот на МПЦ денеска е и Св. великомаченик Теодор Стратилат.

Свети Теодор Стратилат пострада во 319 година. Во тоа време тој беше началник на војската и на градот Ираклија. Црквата го слави посебно на 8 февруари (по стар календар), а денес го празнува пренесувањето на неговите мошти од Ираклија во неговиот роден град Евхаита, што е направено според завештанието, што свети Теодор му го даде на својот слуга Вар, непосредно пред неговиот маченички крај.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1