Четворица курири на мотор и еден случаен минувач во Кина станале вистински херои бидејќи го спасиле животот на двегодишно девојче, фаќајќи ја при пад од четврти спрат.
Родителите го оставиле девојчето заспано во собата за спиење. Меѓутоа, таа се разбудила и сама излегла од отворениот прозорец.
За среќа, курири од службата „Експрес браќа“ слушнале како таа вреска и со помош на еден минувач успеале да ја фатат при падот неповредена. При спасувањето на девојчето, еден курир ја повредил раката.
Расплаканото девојче поминало без ниту една повреда и утеха нашла во прегратката на еден од своите херои.