Повреден полицаец при каменување на ЛГБТ Центарот


lgbt

Еден полицаец е повреден вечерва кога поголема група помлади луѓе го каменувала ЛГБТ Центарот во Старата скопска чаршија додека во внатрешноста на Центарот се одржувала дебата во рамките на Неделата на гордоста.

Од МВР потврдија дека инцидентот се случил околу 18.40 часот во Чаршијата кога групата со камења фрлала кон Центарот. Полицијата ги бара напаѓачите. На ЛГБТ Центарот е скршено стаклото од објектот, додека нема повредени од учесниците на дебатата.

Полицаецот настрадал од фрлените камења и завршил со телесни повреди. Тој бил дел од обезбедувањето на настанот. Очевидци тврдат дека имало десетина  напаѓачи кои биле маскирани со фантомки и веднаш по нападот се разбегале по уличките на Чаршијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1