Невреме во беровско и прилепско – град со големина на јајце


Силно невреме проследено со електрични празнења попладнево го зафати Берово, каде на два наврати паѓаше град со големина од лешник до јајце.
grad-so-golemina-na-jajce-564x272До 16 часот таму наврнаа 21 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Невреме попладнево имаше и во Прилеп, каде исто така паѓаше град со големина на лешник. За десетина минути, колку што траело невремето, наврнале 26 литри на метар квадратен дожд.
Дожд и невреме со помали размери имаше и на други места во земјата. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека противградобијната служба е активна и оти до 19 часот се исфрлени две градобијни ракети.
Времето во текот на ноќните часови ќе се стабилизира. Утре ќе биде посвежно, но сончево со мала доумерена облачност и со услови за локален краткотраен дожд, со ретки грмежи и ветер, повеќе во источните делови.
Темепратурите ќе се движат од 29 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со услови за краткотраен дожд, а температурата ќе се движи до 33 степени.
Фото – Фактор.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1