Едно момче загина, две лица повредени во сообраќајка на излезот од Ресен


Кај местото Макази, близу Ресен, на самиот излез кон Битола се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа најмалку три возила, а епилогот е едно загинато момче, а две други лица се борат за живот, јави порталот Скај.

pat_resen111Според информациите, возилото во кое било момчето што го загубило животот било со струшки таблици, додека двете други биле од Скопје.

Двете тешко повредени лица, од кои едниот од Скопје а другиот од Струга се примени во болницата во Битола.

Овие информации, како и за други повредени лица се неофицијални.

Сообраќајот е под целосна блокада и е насочен преку стариот пат Ресен – Битола.

На местото е забележително присуство на повеќе амбулантни возила и полицијата.

Foto – Sky

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1