Од денеска повторно се наплаќа за паркинг во централното градско подрачје.
Со наплатата на паркинг стопанисува јавното претпријатие „Билјанини извори“- објави порталот Охрид1.
Како што информираше директорот на ЈП „Билјанини Извори“ Иван Цветкоски, ќе има две зони на паркирање и две различни цени во зависност од зоната.
Зоната А го покрива кружниот тек и „Кеј Маршал Тито“ заедно со „Македонски Просветители“ спроти супер маркетот „Тинекс“. Цената за Зона А изнесува 40 денари за првиот час, 40 денари за вториот час и 30 денари за третиот и секој нареден час.
Во зоната Б спаѓаат паркинг-местата на улицата „Македонски Просветители“ од Поштата до семафорите кај „Охридска банка“ и улицата „Партизанка“ до угостителскиот објекст „План Б“ заедно со улицата пред Стопанска банка и паркингот „Ривиера“. Тука ќе се наплаќа 30 денари за првиот и вториот час, а по 20 денари за третиот и секој нареден час- објави порталот Охрид1.