Тинејџерка заробена во тело на старица – боледува од ретка болест


Кога имала 12 години, Зара Хартшорн, од Јужен Јоркшир, Англија, почнала да се чувствува како девојче заробено во тело на старица.

devojka staricaСтранците често мислеле дека е мајка на нејзината постара сестра Клои, , а во училиште ја викале мајмун или баба, пренесе Daily Mail.

Хартшорн, која сега има 16 години, има ретка генетска болест, која ја имаат едвај 2.000 луѓе во светот, наречена, кутис лакса, која предизвикува сврзните и масните ткива во организмот да се опуштат, што доведува до предвремено стар изглед на телото.

Претходно, таа била погрешно дијагностицирана со липодистрофија, болест што ја има и мајка и.

devojka starica4Првите симптоми на болеста кај Зара се појавиле кога таа имала 4 години, со опуштеност на кожата околу вилицата, но мајка и објаснила дека таа е убава и дека не треба да се грижи, затоа што ја има истата болест како и таа.

До осмaта гoдина, во училиштето децата почнале да ја задеваат, поради што извесно време не сакала да го посетува училиштето.

Тоа што ги менувала училиштата не помогнало многу, постојано ја прашувале колку години има. „Понекогаш мислеа дека сум и наставник во училиштето, што беше уште една причина за смеа на соучениците”.

Мајка и ја однела да и стават инекции со колагем, верувајќи дека тоа ќе помогне во затегнување на кожата, но тоа се покажало како грешка.

За нејзината приказна слушнал д-р Абимани Гарг, експерт за липодистрофија од Тексас, кој правилно ја дијагностицирал, и неа и нејзината мајка. Нејзината постара сестра Џолин 24, исто така ја има болеста, но во многу поблага форма.

Друг доктор од Тексас, пластичен хирург, и понудил на Зара фејслифтинг операција и операција на носот. Иако, знае колку тоа може да и го смени животот, сепак, Зара е нервозна пред операцијата и какви резултати таа ќе даде.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1