Манекенката „оргијала“ со 3 мажи – лажно ги обвинила за силување, доби кривична пријава


Мина Миленковиќ (21) скоро два дена поминала со трoјца млади момчиња во еден стан, а после тоа лажно ги обвинила за силување, поради што кривично ќе одговара, пренесува српски Курир.

На нејзиното тело не се пронајдени никакви траги на злоставување. Со гинеколошки преглед утврдено е дека манекенката, која после дводневна потрага во неделата попладне била пронајдена боса, не е силувана.

Ова и официјално вчера го потврдиле од Министерството за внатрешни работи на Србија.

– Никој не ја присилил на ништо, таа доброволно отишла таму. Кога излегла од станот и станарите од соседната населба ја нашле, таа рекла дека била силувана. Приказната ја повтори и во полиција, која потоа ги уапси тријцата момчиња. Кога излезе дека лажела дека е силувана, тие се пуштени на слобода. Против неа, најверојатно ќе биде поднесена пријава за

лажно пријавување, вели извор поврзан со истрагата за српски Курир.

Менувала исказ

Документацијата од ГАК во Вишеград е дел од доказниот материјал кој вчера бил испратен во зградата на белградската полиција, каде Мина била сослушана веднаш откако била отпуштена од болница.

– И покрај сите докази, Мина се обидела да ги убеди истражителите дека сепак е силувана, така што до крајот на разговорот повеќе од пет пати го сменила исказот, изјавил изворот на Курир од истрагата и додава дека на нејзиното тело немало ниту модринка, ниту гребаница, ниту било какви други траги од насилство.

Новинарите на Курир вчера успеале да стапат во контакт со момчето кое ја пронашло Мина во тревата. Тој изјавил дека таа му делувала пијана и дрогирана.

Само за потсетување, Мина исчезна после расправијата со поранешното момче А.Ќ (32), инаку менаџер на сплавот на кој манекенката се забавувала. Пронајдена е 39 часа подоцна кога рекла дека е киднапирана, силувана и тепана претходните два дена.- Околу 17 часот ја најдовме како без свест лежи во трева покрај улицата, така да на прв поглед помисливме дека е мртва. Повикавме полиција, а таа неколку секунди подоцна си дојде при себе. Беше конфузна и не умееше да ни каже ниту како се вика, па претпоставивме дека испила многу или се дрогирала, раскажало момчето кое не сакало да се претстави.

И се закануваат 5 години затвор

Поради лажно пријавување за силување на манекенката и се заканува затворска казна. Секое лажно пријавување е кривично дело, а посебна тежина има лажното пријавување за силување, затоа што силувањето се смета за тешко кривично дело. За такво дело во полесен облик предвидена е затворска казна во траење од три месеци до три години, а во тежок облик од шест месеци до пет години затвор.

Семејството моли за приватност

Семејството на Мина вчера на Фејсбук и официјално им се заблагодари на сите луѓе кои учествувале во потрагата за неа.

– Драги луѓе, сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката и помошта. Мина е жива, што во овој момент е највистина најважно ги молиме претставниците на медиумите да не шпекулираат што и како се случило затоа што, штом имаме повеќе информации, секако ќе ве известиме, напишале членовите на семејството на Мина на оваа друштвена мрежа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1