Ќе има мини владина реконструкција – ДУИ ќе се откаже од правда да го добие транспорт?


Наскоро се очекува мини- реконструкција во владиниот кабинет, дознава Алсат М од партиски извори. Иако ВМРО- ДПМНЕ официјално негираат, реконструкцијата е неизбежна. Нема да се менуваат само министрите туку овој пат ќе има измена и на министерствата меѓу коалиционите партнери. По се изгледа дека ДУИ ќе го остави министерството за правда за размена на Министерството за Транспорт,  што значи дека Блерим Беџети ќе ја замине од функцијата. Се дознава и дека Тахир Хани нема повеќе да го води министерството за локална самоуправа.

vlada-na-rmВицепремиерот Муса Џафери денеска негираше дека се дискутирало за можна реконструкција на владата, но не ја исклучи можноста за разрешување на вториот ешалон, односно на директорите и заменик директорите на оваа партија.

Запрашан дали можеме наскоро да очекуваме мини- реконструкција на Владата, односно во министерствата кои се раководени од ДУИ, Џафери со одговор:

Не знам, таа тема не дискутирана, немам информација.

– На ниво на директори?

„Може да се случи, може да се случи, не знам, немам предвид! Зависи ако има потреба за некои промени  ако тоа се појави како потреба во работата“, додава Џафери.

На следната седница на Владата, според наши информации се очекува да се разреши директорот на Фондот за Здравство Џемаили Мехази. Додека во наредните недели и директори и заменици директори, од УЈП, и од помалите претпријатија каде функционери на ДУИ, не покажале дорби резултати.

Портпаролот на Владата Мухамет Хоџха, потврди дека Владата вечерва ќе се состанува во нејзината редовна седница, која ќе трае до раните утрински часови. Според Хоџа, не е предвидено разрешување на некој од директорите.

„На досегашните владини  седници се уште не е дискутирано за евентуални измени во раковидната функција на Фондот за Здравственото Осигурување на РМ… до  последната седница на Владата на Република Македонија не станало збор за кадровски измени во Фондот за Здравство“, вели Мухамет Хоџа, портпарол на Владата.

Мехази контактиран од Алсат-М, се произнесе дека ниту официјално ниту неофицијално нема информации дека ќе биде разрешен од функцијата директор. ДУИ одлучи своите функционери  што не покажале позитивни резултати да ги разреши, за да ја ублажи реакцијата внатре во нејзиниот огранок. Прв кој беше разрешен во овој бран од  партијата на Ахмети е поранешниот директор на Царинската Управа, Дритон Фејза, кој беше заменет со Лавдрим Велиу.

АлсатМ

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1