Над половина милион евра украдени од сеф на „Бихаќка“!


kradecАрамија провалил во куќа на Бихаќка и украл сеф со пари и злато вреден 33 ипол милиони денари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тешката кражба се случила за време на викендот, од 21 до 23 јуни. Арамијата со насилно отворање на балконската врата влегол во куќата од каде украл метален сеф.

Полицијата соопшти дека во сефот имало 500.000 евра, 50.000 долари, разновиден златен накит и документи.
Арамија со плен вреден над 33 ипол милиони денари избегал во непознат правец. Полицијата трага по него.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1