Во шоуто за супер таленти „Америка има талент“ се најдоа и брат и сестра кои добија поделени критики. Некои беа одушевени, а некои шокирани и зачудени.
Аралајн има 6 години, а Изи 9 години. Застанаа на сцената и „растурија“. Иако публиката и жирито очекуваа сладок настап на две деца, тие ги почестија со хеви метал изведба. Девојчето пее како вистинска металка и токму поради тоа предизвика различни коментари од жири комисијата.
– Толку си слатка и мила но кога ќе отвориш уста… Сакам да ги запознаам твоите родители, рече Хајди Клум која е член на жирито.
На некои овој настап им се допадна на некои не. Но ова интересно дуо сепак помина понатаму во шоуто.