Количината на калории и јаглехидрати во кафениот шеќер е нешто помала од белиот, но тој сепак може да има големо влијание на нивото на гликоза во крвта.
Ако го консумирате во големи количини може да предизвика и зголемување на шеќерот во крвта или хипергликемија.
Бојата доаѓа од меласата која останува или која се додава во текот на обработката. Во најдобар случај ваквиот шеќер е делумно рафиниран, но често е подеднакво рафиниран како и белиот. Но меласата му дава единствен вкус и својства при користењето. Инаку меласата е густ, сладок темнокафен сок кој е нус производ при процесот на кристализација што се случува при производството на шеќер.
Што содржи?
Поради додавањето на меласата, кафениот шеќер има повеќе влага од белите кристали на шеќерот, што му дава единствена текстура, но влагата не помага во намалувањето на бројот на калории. Една лажичка жолт шеќер, сепак содржи околу 60 калории и 15 грама јаглени хидрати, што во суштина е исто како кај обичниот.
Хранливи материи
Резултатите од истражувањата не ја подржуваат идејата дека жолтиот шеќер е поздрав од белиот. Иако меласата содржи некои минерали и хранливи елементи, количеството меласа што се додава не е доволно голема за да донесе значителна корист од консумирањето на ваквиот шеќер.
Кајгана.ком