За денес во 17 часот е закажан погребот на Роберто Беличанец, на градските гробишта во Прилеп.
Беличанец ненадејно почина вчера во 41-та година од животот.
Беше познат како жесток критичар на власта и нејзините политики.
„Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ! Поважна е… И сега? Како? Уште 7 години ќе се занимаваме со вуду економија и вуду политика?“, беше последното нешто што го напиша Беличанец на Фејсбук.