Обид за двојно убиство во Скопје – снаа ги бутнала свекорот и свекрвата од тераса


Две постари лица со тешки телесни повреди завршиле во Ургентниот центар во Скопје откако вчера околу 19 часот нивната снаа се обидела да ги убие во нивниот дом во скопско Раштак.

policiska-lentaКако што информира полицијата 56 годишната снаа Бисерка М.В. од тераса ги бутнала својот 82 годишен свекор Ѓорги В. и неговата 83 годишна жена Пауна. За среќа старците го преживеале падот.

Со возило на Брза помош веданш биле пренесени во Ургентниот центар.
Нервозната снаа веднаш биле приведена од полицијата во Полициската станица во Кисела Вода. Полициските службеници извршиле увид и најавуваат кривична пријава за снаата.

Press24

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1