ВНИМАНИЕ: Фејсбук ви го зема бројот на телефонот – еве како


Од андроид апликацијата за Фејсбук „течат“ телефонските броеви од апаратите на кои таа е инсталирана без вие и да сакате.

Fejsbuk-telefon-2

Според информациите до кој дојде Симантек сите кои ја симнале андроид апликацијата за фејс дури и да немаат налог на оваа социјална мрежа, дури и пред воопшто да започнат да ја користат апликацијата – веќе им е земен телефонскиот број.

Багот го откри Симантек, а го призна и фејсбук кој тврди дека се работи на проблемот и наскоро ќе биде отстранет. Од Симантек велат дека ова се случува уште од февруари.

“Прв пат кога ќе ја лансирате фејс апликацијата дури и пред да се логирате, вашиот број на телефон е испратен преку интернет до серверот на фејсбук,, пишува во блогот на Симантек.

„Не мора да го дадете вашиот број на телефон, не мора да се логирани, не мора да започнете некаква работа, ниту да имате Фејсбук профил, а ова да не ви се случи“, стои во предупредувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1