Двајца работници починале, а уште двајца се хоспитализирани во болницата во Врбас – сите работеле како берачи на вишни на плантажата на фирмата „Итерпром“. во Србија.
Двајцата работници 46 и 48 годишни биле здрави луѓе, а починале во период од само 5 дена – првично се сметало дека се жртви на жешкото време, но според лекарите нивните симптоми наликувале на труење со пестициди. Српското министерство за земјоделство ќе истражува какви средства се користени при производството и одгледувањето на плодовите и дали постои можност тие да се затруени.
Мештаните се загрижени, бидејќи никој досега не им потврдил ниту им негирал дали берачите се затруени или не.
– Луѓето и понатаму одат на плантажите и берат, за да можат да заработат дневница и да ги прехранат семејствата. Не знаат дали се изложуваат на опасност или не. Починатите соселани беа здрави, погребани се без обдукција, а веќе имаме уште тројца во болница. Треба уште некој да настрада за да се реагира?“, вели за Блиц тамошен граѓанин.
Од фирмата тврдат дека на плантажата е безбедно, дека целата берба е за извоз и поради тоа биле направени сите испитувања уште пред и за време на бербата. Вработените пак велат дека знаат дека има отрови но не се плашат – вишните мора да се оберат, а ние да работиме, вели еден од нив.
Населението во Србија е во паника – граѓаните се прашуваат доколку работниците умираат од пестициди при берење што ли има во вишните и дали е загрозено здравјето на оние кои ги консумираат?