Наставничка убиена – мажот ја пријавил за исчезната – најдена по 28 години заѕидана во куќата (Видео)


 

art-schoolteacher-620x349Посмртните останки од наставничката во Њујорк, која се води за исчезната пред уште пред речиси 28 години, биле пронајдени скриени во лажен ѕид во подрумот на куќата каде што живеела со својот сопруг, соопштила полицијата.

Посмртните останки се откриени во текот на расчистувањето на нивниот дом во северен Њујорк, а ја идентификувале со помош на стоматолошкиот картон.

„Мртвото тело било завиткано во платно и пластична кеса, врзано со јаже и ставено во пластична кутија, кое беше пронајдено во лажен ѕид“, кажала патологот Кари Реибер.

Аутопсијата покажала дека се работи за убиство и дека Џоан добила силен удар во главата од кој починала.

kukja nastavnicka

Џејмс Николс изјавил дека последен пат ја видел својата сопруга кога заминувал на работа во декември во 1985 година.

Џоан Николс имала 55 години кога нејзиниот сопруг Џејмс го пријавил нејзиното исчезнување во 1985 година во полицијата во Њујорк. Тој починал од природна смрт во декември минатата година.

Полицијата соопштила дека по исчезнувањето нејзиниот сопруг бил на листата на осомничените. Двојката имала едно дете кое се удавило на возраст од 25 години, три години пред Џоан да исчезне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1