Храбра баба, починала додека со своето тело ја штитела 15-месечната внука да не се повреди за време на уривање на зграда при лизгање на земјиштето во провинцијата Сечуан, соопштија денеска кинеските медиуми.
Спасувачките екипи опишаа дека бабата со своето тело направила лак над бебето, клекнала на колена, а со рацете се потпрела на земја.
Малото девојче било спасено, а бабата загинала од удар на тула, објави АП.
Обилните дождови во последните неколку дена се предизвикани од масовните поплави и лизгање на земјиштето во Сечуан и други делови од Кина.
Netpress