Херојско дело: Баба со своето тело ја спасила внуката при пад на зграда


Храбра баба, починала додека со своето тело ја штитела 15-месечната внука да не се повреди за време на уривање на зграда при лизгање на земјиштето во провинцијата Сечуан, соопштија денеска кинеските медиуми.
baba dete agradaХеројскиот чин на бабата го спаси малото девојче кое под урнатините било седум часа.
Спасувачките екипи опишаа дека бабата со своето тело направила лак над бебето, клекнала на колена, а со рацете се потпрела на земја.
Малото девојче било спасено, а бабата загинала од удар на тула, објави АП.
Обилните дождови во последните неколку дена се предизвикани од масовните поплави и лизгање на земјиштето во Сечуан и други делови од Кина.
Netpress
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1