Белката од јајце е лек кој помага брадавиците на кожата да се исушат и да паднат, докажано тврди традиционалната медицина.
Како би се постигнал добар ефект потребно е повеќе пати во текот на денот брадавиците да ги премачкате со белка од јајце. Не е лошо и да го заштитите заболеното место доколку е изложено на допир.
Постапката повторувајте ја додека брадавицата во потполност не се исуши и не падне сама. Времето потребно за тоа зависи од големината и местото на кое се наоѓа брадавицата.
Едно јајце можете да употребувате подолго време само треба да го заштитите од влијание на воздухот за да не ја изгуби влагата. Најдобро е да го покриете со пластична кеса.
Izvor – boza.mk