Не лажат: Црниот леб не е црн – обоен е со вештачка боја (Фото)


Јадеме “црн” леб, кој и чини повеќе за да се храниме поздраво – но под маската на здрава храна ни продаваат производи кои не се ни оддалеку тоа за што се преставуваат.

CRNI-HLEB-11

Пиеме овошни сокови, кој немаат ни грам овошје во нив, јадеме работи кои нема врска напишаното на етикетата и она што го има во производот – а сега „мајтап“ се игра дури и со лебот.

Новинарите на српски press on line купиле векна од еден од најдобро продаваните видови на црн леб во Србија – Кој се продава и во македонските маркети – чекаат одговор за овој скандал од фирмата производител – а одговорите се уште не ги добиле.

Но одлучиле да ги информираат граѓаните да внимаваат што купуваат.

Имено тие направиле експеримент кришки од популарниот наводно црн лев го ставиле во сад со ладна вода, за само две минути лебот побелеле – што е доказ дека не се работи за црн леб туку за обичен бел леб обоен со вештачки бои.

На етикетата на овој производител ова не го пишува – никаде не е наведено на етикетата дека производот содржи вештачки бои, а тоа е евидентно дека е така, инаку лебот и во вода би останал црн.

CRNI-HLEB-12

Претставниците на движењето на српски потрошувачи велат дека освен што ги мамат купувачите – ова е и сериозно загрижувачки бидејќи може да е штетно за здравјето на луѓето.

Замислете некој да е алергичен на вештачки бои во храната, си купува „здрав“ црн леб и добива алергија а не знае од што?

да не споменуваме дека вештачките бои знаат да го подигнат нивото на шеќерот во крвта – што тоа значи за дијабетичарите на кои и им се препорачува конзумација на црн леб – купуваат наводно црн леб а повторно шеќерот им се качува, велат од движењето.

Според експертите вистински црн леб или  пченично брашно од кое се прави е многу ретко да се најде. Факт е дека производството на овој вид брашно кај нас е многу мало – како тогаш продавниците се полни со црн леб – прашуваат тие.

– На сите етикети мора задолжително и без исклучоци да пишува што точно содржи лебот, кој адитиви, ако постојат вештачки бои, бидејќи постојат луѓе кои се алергични. Инспекциите би морало да се поагилни, велат од движењето за заштита на потрошувачи на Србија.

За да бидете сигурни дека купувате навистина црн леб направете го овој едноставен тест – потопете кришка во ладна вода – доколку е лебот обоен веднаш ќе побели.

CRNI-HLEB-1

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1